Детски игри на кои ни децата не им веруваат, коментира Џевдет Хајредини, поранешен министер и аналитичар, за оставките со кои министрите од ДУИ условуваат гласање за уставните измени.
– Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени. Дотогаш ќе можат фудбал и кошарка да играат во канцеларијата на „координаторот“, каде, според (Димитар) Ковачевски, можат да прават сè што сакаат. Детски игри што никој, освен Ковачевски, не им верува. Дури ни децата, коментира Хајредини во објавите на Фејсбук.
Како што објавивме, вчера, сите министри Албанци од ДУИ поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои би биле активирани откако ќе се изгласаат уставните измени за влез на Бугарите во Уставот.