На социјалните мрежи се прошири веста дека Скендер Реџепи – Зејди од Алтернатива ќе го повлече својот депониран потпис за рушење на Владата.

За ова ТВ21 во централните вести го праша пратеникот од Алијансата за Албанците, Халил Снопче.

Тој рече дека потписот на Зејди е сигурен, додавајќи дека тој бил еден од најкритичните гласови против оваа Влада.

„Имаме 61 потпис, Скендер Реџепи е координатор на пратеничката група на АА-ААА. Реџепи е еден од главните гласови на албанската опозиција во Собранието. Еден од најпосветените луѓе против криминалот на оваа власт, против овој хибриден режим, нормално дека Скендер Реџепи потпиша за рушење на оваа влада“, рече Снопче.