Кратко траеше радоста на СДСМ и ДУИ дека новото парламентарно мнозинство само што е создадено, се растурило. Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но како што брифираат партиски извори за „Слободен печат“, тој има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во „фронтот“ за рушење на Владата.

„Пратеникот Реџепи има забелешки за вклучувањето на партијата Левица во коалицијата за рушење на оваа хибридна власт на СДСМ и ДУИ. Сметаме дека има алтернатива и решение и за ова прашање“, велат изворите од Алтернатива за „Слободен печат“.

Во меѓувреме, портпаролот на партијата предводена од Африм Гаши, за порталот Телеграфи вели дека договорот постигнат синоќа стои.