По објавувањето на снимените разговори во врска со случајот „Рекет“, синоќа на Твитер се огласи еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, кој порача дека борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи.
– С. Македонија: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања, наведува Хан во објавата.
Тој натаму посочува и дека никој не е над законот и не може да има неказнивост.
– Сите кривични дела мора да бидат испитани од надлежните органи, ослободени од какво било мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, порачува еврокомесарот Хан во објавата на Твитер.