„Идеален субјект врз кој може да се спроведува тоталитарно владеење не е тој што е убеден нацист или посветен комунист, туку тој што не прави разлика меѓу фактите и фикцијата“.

Ова е мисла на Хана Арендт, родена 1905 година во Хановер – Германија во еврејско семејство, а починала во САД во 1975 година. Таа го преживеала холокаустот, а оваа нејзина мисла еизвлечена од нејзиното дело „Извори на тоталитарзимот“.

Се чини, нејзината мисла денес е повеќе од актуелна. Ја постираше д-р Роберт Малоун, веројатно како протест против широката цензура наметната во врска со Ковид 19, милионите мртви од оваа болест кои можеа, според него, лесно да се избегнат и низа друго состојби кои “го соголеа царот“, што овозможи на многу луѓе посветени на демократијата, да видат дека токму тој свет кој се фали дека е демократски, се движи во сосема обратен правец.

Поточно кажано, Малоун овој пост и го посветува на тн. „Длабока држава“.

Некој кој ги слеид неговите постови, додал мисла на Ленин:

„Идеален револуционер е малда личност без морал. Охрбари ја дегенрацијата, менталното застранување и одеднаш, имаш армија подгоѕвена да пали градови“.