На блокадите кај Белведере во Црна Гора е употребено огнено оружје, јави РТЦГ повикувајќи се на Управата за полиција. Нема извештаи за повредени. На истата локација претхгодно беше регистрирана и експлозија.
Откако е запалена блокадата кај Белведере, насобраните демонстранти кои се противат на устоличувањето се упатија кон Цетиње. Во манастирот во тек е устоличување на митрополитот црногорско-приморски Јоанакиј.
Во градот е речиси неможно да се движат луѓе поради голем број фрлени солзавци, јавија црногорски медиуми.
Патријархот на Српската православна црква, Порфириј и митрополитот црногорско-приморски, Јоаникиј, со хеликоптер пристигнаа во манастирот Цетиње. Нив ги обезбедуваат силни полициски сили, јавија црногорски медиуми. Хеликоптерот слета пред манастирот Цетиње.
Автобусите со свештеници кои беа на пат за Цетиње се вратија во Подгорица.