ХАОТИЧНО ОД ДИК: ДУИ „победила“ на избирачки места во Карпош и Кисела Вода, а Алијанса на Албанците во струмичко Ново Село?!

/ 16.07.2020

Новиот софтвер на ДИК направил вистински хаос со резултатите од гласањето, па хаосот е толкав што преку 80.000 гласови се погрешно распоредени, објави ТВ Канал 5 повикувајќи се на извор од ДИК.

Дека нешто не е во ред покажува и графиката од ДИК, според која во Ново Село, Струмичко победила коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива, а пред ДУИ.

На страната на Државната изборна комисија на избирачки места кои се наоѓаат во Кисела Вода и Карпош може да се види дека најголем број гласови освоила партијата ДУИ на вчерашните парламентарни избори.

Споредено со парламентарни избори одржани во 2016 година на истите две избирачки места ДУИ има освоено вкупно 3 гласа, што не е случај сега. Според ДИК, оваа година ДУИ на избирачкото место во Карпош има над 58 проценти од гласовите, додека на избирачкото место во Кисела Вода повеќе од 49 проценти.

Дали станува збор за системска грешка на страната на ДИК која од вчера не е во функција останува нејасно.

ТВ 21: ДУИ „победила“ и во Демир Хисар

Сајтот на ДИК повремено не работи и ден после изборите. Во текот на утрово и ТВ21 направи проверка, и забележа некои чудни резултати.

Според нив ДУИ победиле во Демир Хисар, во општина каде што албанско население речииси и да нема.
Според сајтот на ДИК, ДУИ, и тоа убедлив победил и во струмичко Ново Село. Сосема нејасно затоа што тоа е место каде што нема жители од албанска националност.

Исто така од она што го забележавме, кога ќе се отвори страница од мобилен телефон дава едни, а од компјутер сосема други резултати.

Затоа што се случува со овие резултати, одговор треба да дадат од Државната изборна комисија.

Да потсетиме дека нивната страница вчера била цел на хакерски напади, кои биле пријавени во МВР утрово, и се очекува екипа од Министерството за внатрешни работи да го испита случајот, пишува ТВ21.

ДУИ „тепа“ и во Вевчани

Се запалило возило со членови на ОИК Гостивар, избирачкиот материјал бил спасен

Моторно возило „форд транзит“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Ф.А.(35) од Гостивар, се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале пет членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, материјалот воопшто не бил оштетен, бил префрлен во друго возило и бил испратен во Државната изборна комисија.

Случајот бил пријавен во СВР Тетово изутринава во 4.30 часот.


Од истата категорија