Премиерот на Косово Рамуш Харадинај кој се наоѓа во посета на САД, истакнал дека односите меѓу САД и Косово се добри, а дека таксата од 100 отсто на српската и на стоката од БиХ е „против интересите на Србија и Русија на Балканот“.

Харадинај рекол и дека тој е „американски војник на терен кој ги извршува наредбите“, пренесува „Газета блиц“.

-Нашите ставови се слични на американските и тие кои се на терен се свесни за тоа. Јас сум војник на Америка на терен – рекол Харадинај, додавајќи дека тоа се однесува пред се на Србија и Русија.

Според него, со јакнење на Косово „јакнат и американските интереси а слабеат руските и другите интереси во регионот“.