Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави вчера дека прашањето за корекција на границите на Косово му одговара само на рускиот претседател Владимир Путин.
Тој додаде дека секој што ќе отвори прашање за границите ќе биде сметан за непријател на албанскиот народ.
Харадинај тоа го кажа во Дечани, каде што разговараше со албански семејства, пренесува приштинска Косовапрес.
Косовскиот премиер повторил дека таксите од 100 отсто за стока од Србија и БиХ нема да бидат укинати додека Белград не ја признае независностана Косово и додаде дека таксите не го попречуваат финалниот договор со Србија.