Претседателот на Чешка, Милош Земан го предупреди претседателот на парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо за „неславен крај“.

Земан за радиото Фреквенце 1 изјави дека „не сака ни латиноамерикански диктатори ни војни интервенции, ниту писма со кои се повикува за трупи и окупација“.

– Ако Хуан Гуаидо не успее да го реши моменталниот проблем внатре во Венецуела и се обраќа на странски заштитници, ќе заврши како венецуелски Хусак, рече Земан.

Густав Хусак е личност од Комунистичката партија на Чехословачка, кој стана нејзин генерален секретар, набрзо по влезот на трупите на пет социјалистички земји во Чехословачка во август 1968 година, а во 1975 е избран за претседател и на оваа функција останал 14 години.

Во Венецуела на 21 јануари почнаа масовни протести против актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро. Гуаидо на 23 јануари се прогласи за привремен шеф на државата. САД и повеќе други земји го признаа Гуаидо, а Мадуро не го признаваат.

Мадуро го нарече Гуаидо „марионетка на САД“. За легитимен претседател на на Венецуела Мадуро го поддржуваат Русија, Кина, Турција и повеќе други земји.