Израелската артилерија нападна болница и набљудувачница во јужната сириска провинција Кунеитра, недалеку од границата со Израел.

Во нападот немало жртви, бидејќи како што е наведено, болницата е напуштена и причинета е само материјална штета, пренесе Ројтерс наводи на сириската државна агенција Сана.

Минатиот месец израелската војска потврди дека напаѓа ирански воени цели во Сирија, откако изведе воздушеннапад во текот на денот, недалеку од аеродромот во Дамаск, потсети агенцијата АП.

Израелските воздушни сили со месеци ги гаѓаат иранските сили и припадниците на либански Хезболах во Сирија, предупредувајќи дека нема да толерираат нивно постојано присуство во таа земја.

Лидерот на хезболах, Хасан Назралах, го предупреди Израел на крајот од јануари, ако продолжи со напади во Сирија, може целиот регион да го вовлече во војна.