Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, отворајќи ја денешната заедничка седница на Владите на Косово и Алабанија во Пеќ, изрази уверување дека договорите што денеска ќе бидат потпишани ќе придонесат за обединување на економиите на двете земји, јави МИА од Приштина.
– Среќен сум за постигнувањата од оваа заедничка средба и убеден сум дека потпишувањето на деветте договори ќе води кон обединување на нашите економии и не само толку. Знам дека нашиот народ очекува многу од нас и ние ќе вложиме уште напори, затоа што само со работа ќе се стекнеме со почит од страна на другите, изјави Харадинај.
Според премиерот, Косово денес е партнер на Европската унија, ги спроведува приоритетите на европските реформи од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и очекува укинување на визите за Шенген-зоната.
– Како и секој друг народ, и косовскиот очекува одлуката на ЕУ за визна либерализација да биде позитивна, изјави Харадина