Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), Рамуш Харадинај денеска изјави дека американскиот амбасадор Џеф Ховенер и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар на средба со претставници на опозицијата побарале намалување на тензиите и барикадите да се отстранат и ситуацијата да се нормализира на северот на Косово.
Харадинај на својот Фејсбук профил напиша дека сериозната посветеност на САД ќе ја спаси ситуацијата и ќе ја врати на конечниот договор меѓу Белград и Приштина.
– Само што ја завршив средбата со господинот Ескобар и амбасадорот Ховениер, можам да ви кажам дека тие се доста фокусирани на настаните во земјата, особено на северот, со експлицитно барање за намалување на тензиите, отстранување на барикадите и враќање на нормала во тој дел од земјата, напиша Харадинај.