Косовскиот премиер Рамуш Харадинај напиша во авторски текст во „Вашингтон пост“ дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ наводно со поддршка од Русија, нуди признавање во замена за дел од територијата на Косово.

Тој тврди дека Србија „сака да формира етнички чиста држава, да им одземе на луѓето државјанство и да ги протера од нивните домови“.

Харадинај пишува дека „од неговата земја се бара да направи невозможен избор што би намалило жртви на американски војници, да се загрози стабилноста во регионот и да им се закани на американските сојузници“.

– Пред постојаните напади од Србија, чија цел е загрозување на нашиот суверенитет, безбедност и просперитет, има некои кои сакаат да го вовлечат Косово во т.н. „мирно“ етничко чистење на Балканот. Тоа е кусоглед обид да се попушти пред насилникот во обид дека ќе престане насилството. Ние тоа нема да го направиме. Наместо тоа ќе се спротиставиме на оние кои сакаат да не искористат, а истовремено ќе работиме во насока на долготраен и сеопфатен мир, пишува Харадинај.