Руската војска изврши голем напад со дронови врз источниот украински град Харков, соопштија локалните власти рано утрово.
Најмалку осум лица се повредени во нападот, меѓу кои и двајца тинејџери, напиша воениот гувернер Олех Синехубов на Телеграм.
Нападот, кој вклучуваше најмалку осум борбени дронови, беше насочен кон „општинско претпријатие“, рече градоначалникот Ихор Терехов, без да даде дополнителни детали. Тој додаде дека во просториите на компанијата избувнал голем пожар.
Руската војска со недели ги интензивира своите напади врз големите украински градови, при што цивилите се најмногу погодени од насилството, кое почна во февруари 2022 година, кога Русија започна целосна инвазија на Украина.