Некогашниот холивудски филмски продуцент Харви Вајнстин, кој е обвинет за силување и сексуално вознемирување, пуштен е денес со кауција од еден милион долари. Утринава тој и се предал на полицијата во Њујорк, а потоа бил спроведен со лисици на рацете во судот на Менхетен каде е обвинет за силување и сексуално вознемирување,а бвиненијата прозлегуваат до два одвени счлучаи.

Тој ги негираше обвинувањата дека извршил сексуален чин без соласност од жените. Пуштен е со кауција и со обврска да носи уред за следење, како и забрана за напуштање на Њујорк, пренесуваат медиумите.

Повеќе од 70 жени го обвинија коосновачот на студијата „Мирамакс“ и „Вајнстин ко“ за сексуално вознемирување, вклучувајќи и силување, а некои обвинувања се од пред две децении.

Случајот „Вајнстин“ беше повод за активирање на движење #MeToo, по што стотици жени јавно обвинија моќни бизнисмени, владини претставници и луѓе од светот на забавата за злоставување, потестуваат медиумите.