Упорноста и пожртвуваноста често пати знаат да донесат поволни резултати за спортистите кои се појавуваат на борилиштата во сите можни спортови.

Дека тоа е така потврди и холандската тркачка, Сифан Хасан, која на квалификациската трка на 1500 метри доживеа пех на 350 метри до крајот, меѓутоа не се откажа.

Хасан и покрај падот успеа да се подигне и да ја продолжи трката, а на крајот излезе и како победник со време од 4:05.17 со што се пласираше во полуфиналето кое е закажано за 4. август.

Хасан е една од фаворитките за освојување на златото во 1500 метри, а ја има фаворитската улога и на другите долги трки од 5.000 метри и 10.000 метри.