Косовскиот претседател Хашим Тачи по синоќешното гласање во македонското Собрание, преку ФБ, порача дека Република Косово се радува на оваа многу важна одлука.

-Македонија го избра патот на евроатланската интеграција и направи голем чекор кон зајакнување на мирот во целиот наш регион. Македонскиот парламент синоќа даде пример за обединување на сите партии за доброто на граѓаните и нивната држава. Државата се зајакнува и интегрира кога народните избраници ги носат вистинските одлуки и ги надминуваат политичките интереси за државните интереси. Република Косово се радува на оваа многу важна одлука на нашата соседна држава. Мирот и стабилноста во регионот се зајакнуваат само со докажување на определбата во евро-атлантската ориентација и со напорно работење за интеграцијата во европското семејство, напиша Тачи на неговиот Фејсбук профил.