Хеликоптер на ТВ станицата ВПВИ-ТВ 6 од Филаделфија се урна недалеку од Вашингтон, додека се враќаше од новинарска задача во Њу Џерси, при што загинаа пилотот и снимателот, соопштија денеска локалните власти.

Истражителите денеска трагаат по докази за причината за урнувањето на хеликоптерот.

Телевизиската станица од Филаделфија го идентификуваше пилотот како 67-годишната Монро Смит од Гленсајд, Пенсилванија, а снимателот како 45-годишниот Кристофер Доерти од Орландо, Пенсилванија.

Фото: МИА архива