Моќните либански групи Хезболах и Амал најавија дека ќе го прекинат бојкотот на седниците на либанската Влада.

Британските медиуми пренесуваат дека со ваквата нивна одлука се отвора патот владата да се состане по цели три месеца, период во кој дојде до натамошен колапс на економијата и националната валута.

Групите, кои поддржуваат неколку министри во владата, соопштија дека одлуката е водена од желбата да се одобри буџетот за 2022 година и да се разговара за економско закрепнување на земјата.

Хезболах и Амал одбиваа да присуствуваат на владините седници поради спорот околу истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут, во август 2020 година.