Неговото високопреосвештенство, господарот на отпорот, праведниот слуга, почина за да биде со својот господар кој е задоволен од него како великомаченик. Раководството на Хезболах вети дека ќе продолжи со својот џихад во конфронтација со непријателот (Израел), да ги поддржува Газа и Палестина и да го брани Либан и неговиот непоколеблив и чесен народ“, се вели во соопштението на Гардијан.
Во соопштението не се спомнува кој ќе го наследи Насрала, ниту како групата ќе одговори на атентатот на нејзиниот долгогодишен лидер.
Хезболах додаде дека ќе ја продолжи борбата против Израел, се вели во соопштението.
Според Гардијан, либанската армија попладнево била распоредена низ Бејрут, чувајќи стража на главните раскрсници низ градот, веројатно во очекување на реакција на јавноста за убиството на Насрала.
Владата на Либан вечерва ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за настаните во Либан во последните два дена.