Метеоролошките услови оваа година беа многу погдни за овој плод, а на само едно стебло изброил 140 плодови.
Хикмет Сеферовиќ од Сански Мост uспешно одгледува во својата градина мала плантажа од околу десетина стебла банани, а оваа година очекува вкусни плодови и рекорден род од ова егзотично овошје.
Тој вели дека неговиот син добил семе од банани пред неколку години и го засадил во градината пред куќата. Инаку, членовите на ова семејство се страстни љубители и одгледувачи на украсни дрвја, па решиле да експериментираат со одгледување на ова јужно овошје.
Сеферовиќ вели дека станува збор за растение кое брзо напредува и рапидно расте, но е осетливо на ниски температури, поради што е неопходно добро да се заштити во текот на зимата и мразот.
„Во вегетативниот период бананата расте брзо и не треба многу работа и грижа околу неа. Она што таа го бара е многу вода, бидејќи таа сака влага. Во сушниот период, само едно дрво бара до 40 литри вода дневно “, вели Сеферовиќ.
Тој додава дека временските услови оваа година биле многу погодни за овој плод, и дека на само едно дрво броел по 140 плодови.
„Очекувам да дозреат до крајот на август и се надевам на одлични и вкусни плодови, исто како оние што можеме да ги купиме во продавниците. Покрај тоа, бананите изгледаат многу убаво и претставуваат невообичаен декор во дворот”, додава тој.
Тој истакнува дека минувачите често застануваат пред неговата ограда и со недовербата гледаат во градината. Многу ги фотографираат стеблата и го прашуваат како успеал да одгледува банани.
Сеферовиќ, покрај бананите, во градината околу неговата куќа одгелдува и други егзотични овошја необично за оваа клима.