Неколку десетици жени во Јужноафриканската Република кои се позитивни на ХИВ стерилизирани се без нивна согласност или се вршело притисок врз нив пред самото породување да се согласат на стерилизација, се наведува во извештајот на Комисијата за еднаквост на половите (ЦГЕ).

ЦГЕ истражувала 48 случаи при што дошла до сознание дека лекарите во неколку болници ги стелизирале жените кои се подготвувале за породување со царски рез, кажувајќи им дека се носители на ХИВ и оти не би смеле да имаат деца, а ако повторно се одлучат да имаат дете дека ќе умрат.

Во извештајот се наведува дека некои лекари барале од родилките да пополнат формулар додека имале породилни болки, кажувајќи им дека нема да им помогнат ако не потпишат дека се согласуваат на стерилизација.

Според Светска здравствена организација (СЗО), ХИВ позитивните родилки имаат од 15 до 45 проценти шанси да го инфицираат детето за време на бременоста, породувањето или доењето, но процентот може да се намали на пет ако се земаат антивирусни лекови.