На социјалните мрежи и некои медиуми вечерва се рашири веста дека со силно полициско обезбедување е блокиран Клиничкиот центар во Скопје од полициските едници за брзо распоредување и дека се стравува оти присуството на полицијата е поради корона вирусот.

– Лажна вест е дека е донесен човек со корона вирус. ЕБР носеше затвореник од висок ризик на преглед. Под полна опрема беа, маски, борни коли, снајпери со инфрацрвени нишани, велат од Клиничкиот центар за порталот Вечер.

Министерот за здравство Венко Филипче исто така ја демантира веста дека станува збор за инфицирани со коронавирус, туку дека станува збор за друг вид преглед.