Британскиот актер Хју Грант (59) се прослави со романтични комедии како што се „Четири венчавки и погреб” и “Нотинг Хил”, но престана да снима такви филмови, бидејќи смета дека е премногу стар за толкува улога на заводник.

„Станав премногу грд. Затоа сега работам други работи за помалку да се мразам “, вели актерот.

Ова тврдење на шармантниот Хју веројатно е изненадување за женскиот дел од популацијата, кој се уште го смета за неодолив.

Грант, сепак, се пошегува и рече дека никогаш не може да се пожали за парите што му ги донеле тие комедии. „Повеќето можам да ги гледам, само една или две ми се шокантни”, додаде Хју.