Синтагмата „крокодилски солзи” главно ја користиме како синоним за лажни солзи, а дали овие солзи се вистински, откриваат научниците, пишува Нешнл џиографик од Вашингтон.

Да, научните студии покажуваат дека крокодилите и нивните роднини навистина леат солзи, но научниците се уште не се сигурни зошто.

Древните анегдоти за плачењето на крокодилите креираа врежано мислење дека крокодилските солзи се синоним за лажни солзи.

Меѓутоа, неверојатно е дека крокодилите и нивните роднини доживуваат лажна, погрешна тага, изјави членот на студискиот тим Кент Влиет од Универзитетот на Флорида.

– Од мое искуство, кога крокодилот ќе стави нешто во уста, тој тоа навистина и го мисли, вели Влиет, кој неодамна го потврди плачењето кај алигаторите и кајманите, блиски роднини на крокодилите.

Солзите можеби наместо функциите слични на плунката кај луѓето, помагаат животните да ја сварат својата храна, вели Влиет.

Лакрималните жлезди кај крокодилите се поврзани со нивните синуси и една од идеите е дека солзите произведени во окото се празнат во синусите и се спуштаат во грлото.

– Стара идеја е дека тие можеби помагаат храната која ја голтаат да омекне, а плачењето кое го гледаме е поради хиперпродукција на солзи, вели Влиет.

Уште една можност е дека солзите можеби се резултат на звуците на животните и фалбаџиство додека јадат. Воздухот од синусите можеби ги насочува солзите да излегуваат од очите на животното. с