Потпретседателот на Движењето Беса, Аријанит Хоџа, во емисијата „Клик 21“ на ТВ 21 рече дека целта им е да ја соборат ДУИ од централната власт, додека за коалицискиот партнер во македонскиот политички блок, Хоџа рече дека тоа не е релевантно, бидејќи според него, која и да е, не може да има влада без албанска политичка партија.

– Се знае како функционира државата, без албански политички субјект не може да има влада, не 61, нека имаат 80 ако сакаат, било да е СДСМ, било ВМРО и ние по оваа политичка идеологија ја гледаме работата на Движењето Беса, факторизирањето на Албанците и политичкото позиционирање на Албанците во РС Македонија, изјави меѓу другото Хоџа.