Ние сме на холандскиот шеснаесетник. Топката доаѓа до Пандев, кој, како што вели коментаторот на МТВ буквално беше разнесен, судијата не суди ништо, Холанѓаните прават брза контра и тоа е 1:0 за нив.
Следи проверка преку ВАР системот, фаулот врз Пандев е очигледен, се треба да се врати назад, но изненадувачки, голот е признат. Срамно.
А претходно Тричковски даде гол, но со офсајд од неколку сантиметри. Кратко потоа, Трајковски шутира, вистинска бомба, топката ја гледаме веќе во голот, но за жал ја погодува стативата и се одбива. Играме добро во првите 30 минути, Холанѓаните лесно можеа да водат и со 2:0 нула, имавме среќа, но се чини таа допрва ќе ни треба.
40-та минута. Корнер за Македонија. Извонредно нафрлена топка, Муслиу со глава, можеше да бира каде сака да шутира, холандскиот голман можеше само да стои и да гледа, но за жал не ја зафаќа најдобро топката, таа некако пролизгува крај неговата глава, малку ја зафаќа но не доволно и пропуштена нова идеална шанса за гол за Македонија. Штета! Десет минути ние сме подобар тим, Холанѓаните се подобри во игра еден на еден, страшно се опасни, секое нивно приближување до нашиот шеснаесетник е половина гол, но сепак, не заслужија да водат. Најмалку на ваков, срамен начин за еден фудбалски великан.