Тенискиот турнир за жени во Хонг Конг е откажан поради повеќемесечните масовни протести во градот, соопштија организаторите.
Турнирот во Хонг Конг требаше да се одржи од 5 до 13 октомври на „Викторија парк“, место кое честопати беше собиралиште на демонстрантите во последните месеци.
– Тениската асоцијација во Хонг Конг и ВТА објавија дека турнирот е откажан. Причината е моменталната, прилично комплексна состојба во градот, се вели во изјавата на тениското здружение на Хонг Конг.
Од крајот на март, во Хонг Конг се одржуваат протести против законите за екстрадиција, а судирот меѓу демонстрантите и властите започна минатиот месец.