Најмалку четири деца се убиени денеска во градот Блуменау на југот на Бразил, во инцидент во кој 25-годишен напаѓач со секира упаднал во градинка и по случаен избор ги нападнал децата, соопштија локални претставници.
Напаѓачот влегол во градинката во 9 часот по локално време (14 часот по средноевропско време), и ги нападнал децата.
Од болницата соопштија дека сите повредени деца се на возраст под три години. Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот се предал и дека е приведен. Пожарникарите наведуваат дека во градинката во моментот на нападот имало околу 40 деца.
Вознемирени родители притрчале во градинката кога слушнале за трагедијата. Градските власти ја прекинаа работата на образовните институции во градот.
Гувернерот на државата Санта Катарина, каде што се наоѓа Блуменау, прогласи тридневна жалост.