Фадил Новалиќ, премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина е осуден на четири години затвор за незаконска набавка на 100 респиратори од Кина пролетта 2020 година. Борбата продолжува и јас сум убеден во конечната победа на правдата. Ова е само прво полувреме“, порача Новалиќ.

Сопственикот на земјоделската компанија Фикрет Хоџиќ е осуден на 5 години затвор а тогашниот директор на Федералната управа за цивилна заштита Фахрудин Солак доби шест години затвор. Обвинителството на кантонот Сараево покрена истрага откако се дозна дека набавката е направена без тендер а посредник била приватната земјоредксла компанија Сребрена малина која се занимава со трговија со овошје и зеленчук.

Респираторите, биле набавени како итно потребни за здравтсвениот систем во Босна и Херцеговина за борба против Ковид-19 со цел тројцата обвинетите да „добијат материјална корист“, која потоа ќе ја поделат меѓу себе. Цената за секој респиратор е двојно повисока од тогашната важечка на пазарот, за што од буџетот биле исплатени речиси 5,4 милиони евра. Подоцна се утврдило и дека респираторите се неупотребливи. Тројцата се прогласени за виновни за кривичното дело злоупотреба за положбата а ослободени се од обвиненијата за перење пари и примање подароци. Станува збор за првостепена пресуда за која постои и можност за жалба.