Повеќе ученици биле нападнати со нож во средно училиште во Лос Анџелес, соопштија официјални лица.
Осомничениот е во бегство, а кампусот е привремено затворен.
Полицијата утринава околу 11 часот добила повик од средното училиште Ван Најс.
Во критична состојба е 16-годишно момче, а во болница е пренесен уште еден ученик кој бил нападнат.
На видеата од местото на настанот се гледа како учениците ги носат на носилки, пренесува Daily Mail.
Полицијата сè уште не објавила опис на осомничениот, но официјалните лица побарале од сите што имаат информации за вооружениот напаѓач веднаш да контактираат со нив.
Училишната област соопшти дека училиштето ќе остане затворено до понатамошно известување.
„Учениците се безбедни, а полицијата ќе остане на терен и ќе продолжи да им дава поддршка на учениците и вработените. Родителите се известени“, соопштено е.