Хрватскиот фудбалски стручњак Славен Билиќ денеска е назначен за нов тренер на Вест Бромвич Албион, објави на Твитер англискиот клуб.
Договорот со 50-годишен специјалист е со важност од две години.
– Воодушевен сум од можноста да работам во таков клуб. Менаџерскиот тим ме убеди дека има долгорочен проект. Тие сакаат да му помогнам на Вест Бром да се подобри, изјави Билиќ за Би-Би-Си.
Билиќ е поранешен тренер на Хајдук, Вест Хем, Ал-Итихад, Бешикташ, Локомотив Москва и селектор на хрватскиот национален тим.
ВБА минатата сезона го освои четвртото место во втората лига и не успеа преку плеј-оф да избори место во Премиер лигата.