Кошаркарките на Струга 2009 се закитија со титулата државен првак во конкуренција до 16 години откако во финалниот натпревар синоќа ги победија врсничките од Бадел 1862 Скопје со резултат  55:51.

Стружанки и Баделки одиграа крајно неизвесен дуел во кој победникот се одлучи во последните секунди.

Третото место и бронзени медали освоија девојките од клубот- домаќин, КК „Крива Паланка“.

Признанието за најкорисен играч и припадна на Габриела Модева од победничката екипа.

Градоначалникот Мицевски рече дека чест и задоволство е да се биде домаќин на финалниот турнир за М16 и се заблагодари на довербата од страна на КФСМ.

-Честитки за шампионките ЖКК “Струга 2009” како и за бронзата на нашите ЖКК “Крива Паланка”. Полека но сигурно Крива Паланка се профилира во кошаркарски град. Браво девојчиња, рече Мицевски