Хрватскиот тренер Игор Тудор, по заминувањето од Удинезе, каде му беше шеф на Илија Несторовски, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Турција.

Фудбалскиот клуб Анталијаспор и Тудор постигнале договор, кој наскоро треба да биде ставен на хартија и потпишан, со што би се официјализирала соработката. Тимот од турскиот туристички град на Средоземното Море, се раздели со Булент Коркмаз.

За 41-годишниот Тудор, турската лига е добро позната, бидејќи работеше во Карабукспор и Галатасарај од 2016 до 2018 година. Тој доби отказ од Удинезе откако тимот прими 11 гола на два меча од Серија А.