Во Хрватска е потврдено дека еден човек кој бил во Милано е заразен со новиот коронавирус.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по седницата на кризниот штаб за коронавирусот, изјави дека се работи за е помлад маж кој во моментов е на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Тој додаде дека пациентот е во добра состојба.

Се уште се очекува обраќање на директорот на Клиничкиот болнички центар Ријека кој треба да информира за состојбата на деветмината Хрвати кои се хоспитализирани по враќањето од Италија.