За целиот хрватски јадрански брег денес е запален црвен метео аларм заради големите жештини, додека портокалово предупредување важи за подрачјето на Загреб.
Според прогнозите на метеоролозите температурите денес ќе се движт од 29 до 35 Целзиусови степени, додека на исток на земјата и во планинските предели таа ќе биде малку пониска.
Највисоките температури се очекуваат на северен Јадран, каде таа ќе достигндо 37, додека во Далмација таа ќе се искаќи до 36.
Температурата на морето ќе биде од 23 до 27 степени со висок УВ индекс.