Шведската полиција е мобилизирана на копно, вода и во воздух откако две лица ги украле кралските круни од 17 век од една црква. Грабежот се случил вчера среде бел ден. Крадците побегнале со моторен чамец.

Медиумите јавуваат дека грбежот наликувал на холивудски филм во кој се украдени круните на шведските кралеви Карл Деветти и кралицата Кристина. Крадците во пленот додале и кралски симболи, ореол со крст кои биле чувани во црква на југоисток на земјата.

Полицијата соопти дека станува збор за грабеж „на непроценливи предмети од национален интерес“.

Арамиите веднаш по грабежот се качиле на моторен чамец и од тогаш им се губи трагата и покрај обемната и скапа полициска потера.