Независните хрватски селани (НХС) денеска ја повикаа Владата во Загреб да размисли за донесување закон за легализација на канабисот во медицински и рекреативни цели затоа што, како што велат, тоа може да има позитивно влијание на развојот на земјоделството и селата, а и на индустријата и туризмот.
Претседателот на НХС, Мато Млинариќ на прес-конференција одржана на пазарот „Долац“ во Загреб, рече дека консумирањето канабис не создава зависност и дека тоа растение има лековити својства за разлика од цигарите и алкохолот кои се легални, а докажано е дека предизвикуваат зависност штетна по здравјето на луѓето.
-Никој не умрел од марихуана, а секојдневно умираат и заболуваат луѓе од цигари и алкохол, кои се регулирани со закон, рече Млинариќ.