Ширум Босна и Херцеговина се отвораат нови погони од наменската индустрија. Овие компании имаат поддршка од ентитетските влади, а во прилог им оди поволниот амбиент на светскиот пазар, пишува порталот Бизнисинфо.

Како што пренесува Радио Сараево, овој месец, како што беше најавено, во новиот погон треба да почне со производство компанијата Игман Коњиц, најголема фирма во БиХ од воената индустрија.

Погонот во пробна работа ќе биде пуштен овој месец, а на 6 март ќе биде официјално отворен. Станува збор за погон за пиштолска муниција.

Компанијата Претис од Вогошка, исто така специјализирана за воената индустрија, го зголемува производството и поради тоа во јануари распиша оглас за прием на нови работници.

Не се знае точно што ќе произведуваат тие.

И други компании од наменската индустрија секоја година го зголемуваат производството, како Унис Гинекс .

Техничкиот ремонт Братунац во првата половина од годинава ќе отвори нов погон и ќе вработи нови работници. Во оваа фирма во последните четири години се инвестирани 10 милиони конвертибилни марки. Компанијата неодмна го претстави и првото оклопно возило Деспот од домашно производство, а го произведе и пиштолот Вампир.

Фото: Братунац неодмна го претстави и првото домашно оклопно возило Деспот