Хрватска денеска испрати до членките на еврозоната, Данска и институциите на Европската Унија писмо за намери за влез во европскиот механизам на девизниот курс (ERM II), со што е направен првиот формален чекор кон учество ERM II, кој претходни на воведувањето на еврото како официјална валута, соопшти хрватското Министерство за финансии.
Покрај писмото за намери, доставен е и Акциски план, во кој се детално опишани реформите кои Хрватска ќе ги спроведе пред влез во ERM II. Се очекува земјите-членки на еврозоната и Данска да разговараат за писмото за намери на претстојната средба на еврогрупата.
Писмото за намери, во име на Хрватска, го потпишаа министерот за финансии Здравко Мариќ и гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ.