Владата денеска ги покани медиумите на свеченото отворање на автопатот Свети Николе – Штип, соопштувајќи дека настанот ќе се одржи в сабота во 11 часот во Свети Николе.

Во поканата стои дека на настанот, свои обраќања ќе имаат Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и амбасадорката на Народна Република Кина, Јин Лисјен, а предвиден е и коктел.