Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст. Веста е објавена на официјалната фејсбук страна на групата.
Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје, каде тој учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи. Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија.