Дваесет и шест годишната скопјанка Стаменка Трповска преку социјалните мрежи побара помош од своите пријатели за втора операција на нозете која мора да ја направи во странство.

На апелот за помош се јави хрватскиот фудбалер од Интер, Марцело Брозовиќ, кој ги уплати потребните 3.000 евра.

На иницијативата за помош се приклучи еден балкански фан клуб на италијански Интер, кој ја сподели објавата и побара од фановите помош за Македонката.

Фудбалерот на овој клуб, Марцело Брозовиќ кој очигледно ги следи пишувањата на навивачите од балканските простори, се јави во коментар на објавата и напиша: „Ајде провери ги пораките“, алудирајќи на апликацијата за собирање средства.

Брозовиќ направи хуман потег и ја исплати целата сума која беше потребна за операција на Трповска.