Јеменските Хути соопштија дека денеска извршиле напад со дрон врз аеродромот во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати, но властите во ОАР негираа дека бил извршен напад.
Засега нема информации дали при нападот има загинати луѓе или е предизвикана материјална штета.
Аеродромската управа информираше за инцидент, но не прецизираше дали се работело за напад од надвор.
Обединетите Арапски Емирати се дел од сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија, која војува против шиитските Хути во Јемен. Хутите досега извршија повеќе напади врз Саудиска Арабија, при што се обидуваа да го погодат аеродромот во Ријад со крстосувачки проектили, за кои Саудиска Арабија тврди дека им биле доставени од Иран.
Обединетите Арапски Емирати го негираа тврдењето на јеменските шиитски бунтовници Хути дека извршиле напад со дрон врз аеродромот во Абу Даби. Владин претставник информираше дека аеродромот функционира нормално.
Аеродромската управа претходно информираше за инцидент со логистичко возило, но не прецизираше дали се работело за напад од надвор.