Индиската филијала на „Hyundai“ ја купува фабриката за автомобили „Talegaon“ во западната индиска држава Махараштра, која е во сопственост на „General Motors (GM)“.

Јужнокорејската компанија објави дека има намера да ја надгради фабриката, односно да започне со производство на возила во 2025 година.

Фабриката моментално може да произведува 130.000 автомобили годишно, а „Hyundai“ не откри колку чини преземањето на фабриката.

„GM“ престана да продава автомобили во Индија во 2017 година по падот на продажбата, но целосното излегување од тој пазар беше комплицирано поради правните спорови со работниците и неуспехот да се најде купувач за фабриката.

Во 2019 година, компанијата се согласи да ја продаде фабриката на кинескиот гигант „Great Wall Motor“, но преговорите пропаднаа откако компаниите не успеаја да добијат дозволи од индискиот регулатор, предмет на кинески инвестициски контроли.

Според некои информации, „Hyundai“ планира да инвестира 2,45 милијарди долари во зголемување на производството на електрични возила во Индија.