Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски нема да гласа на референдумот.

-Прогласувањето на независноста на Р. Македонија сметам дека денес е најбитен ден за опстанокот на Македонија. За мене е лично понижување, газење на моето достоинство да гласам дали да се прекрсти Македонија или не. Нема цена што може да е компензација за преименување на мојата татковина. Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си. Дополнително целата атмосфера пред референдумот како и манипулациите на власта се незапаметени до сега. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас! Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија, изјави Николоски.