Наќе Чулев

Здравјето и животот на граѓаните се најважни.

Вечерва на седница на Владата донесовме одлука за преземање мерки со кои ќе го овозможиме тоа.

Од утре започнува со ограничување на движењето на сите граѓани (полициски час).

Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден!

Апелирам до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка на владата, а Министерството за внатрешни работи ќе презема мерки за нејзино спроведување, напиша на Фејсбук техничкиот министер во МВР, Наќе Чулев.