И ДЕЛ ОД ВЛАСТА Е ПРОТИВ: Коалиционата партија на Ковачевски ДОМ нема да го поддржи предлогот за бугаризација на Македонија

/ 14.07.2022

Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ, информираат од партијата доцна синоќа.

Во соопштението се вели дека ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес.

-Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности. Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина. ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување, се наведува во соопштението на ДОМ.


Од истата категорија