ВМРО-ДПМНЕ не го организираше собранискиот упад на 27 април. Ова го сведочеа уште тројца поранешни градоначалници од времето на Никола Груевски.
Ивица Конески, Сокол Митревски и Тони Трајковски во судница сведочеа дека не комуницирале со обвинетите за „27 април“ кои РУскоска ги смета за организатори.
На состаноците во партијата се дискутирало само за проекти, беа главно одговорите на сведоците.
Дали како успешен проект вие како градоначалник на Гази Баба го дискутиравте уривањето на Космос?, го праша Рускоска сведокот Трајковски, кој пак е обвинет во процесот „ТНТ“, манифестрајќи ја така својата нервоза, бидејќи колку и да манифестира непознавање на правото во овој случај, не е до толку неука за да не знае дека таквото прашање нема да биде дозволено бидејќи нема никаква врска со овој случај.
Трајковски е еден од ретките кому Русковска му постави прашање, додека во неколку наврати на денешното рочиште коментираше дека сите сведоци се повикани за исти околности, а ја обвини одбраната и дека ги злоупотребува своите права.
„Немам прашања, цело време е истото“, рече Русковска кога имаше можност да поставува прашања на актуелниот пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој беше еден од сведоците.
Мисајловски во тој период беше министер за транспорт и врски, но не бил член на ниедно партиско тело, а во одговорите рече дека не му е познато дека партијата, односно општинскиот комитет на Ѓорче Петров учествувал во организацијата на протестите ниту, пак, имал комуникација со обвинетите.
„Колку што знам јас, секој си одлучуваше дали ќе го поддржи собирот ‘За заедничка Македонија’ или не“, рече Мисајловски.
Претходно, обвинителката приговараше дека се повикуваат сведоци и се зборуваат само истите работи и откако денеска сведочеа три членки на ВМРО-ДПМНЕ, кои во тој период биле дел од раководството на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
„Немам против одбраната да предлага сведоци, ама ова веќе е претерување, злоупотреба на правото на одбрана. Од утрово веќе имаме тројца сведоци од Унијата на жени. Тројца за една иста околност”, реагираше Русковска.
Одбраната, пак, возврати дека ги викаат сите релевантни партиски функционери зашто обвинението е општо.
„Се работи за исти околности, но за различни функции, овие сведоци се од различни месни комитети. Со оглед дека имаме општо обвинение во кое не се наведува на кои општински и месни комитети влијаел мојот обвинет одбраната беше принудена да ги повика сите релевантни лица кои извршувале битни функции, а со цел расчистување на околностите битни за нас“, рече адвокатот на Ристовски, Гоце Ристовски.
.